Wednesday, September 13, 2006

Постоев... Некогаш...


}}} * {{{
Знам дека ти ме повика овде а зошто дојдов – никој не знае. И сите се зачудија кога ме видоа, како да не им веруваа на своите очи – после се’ дојдов. Немаше синџири, немаше присилување. Сама го чекорев патот, свесно гледав во последните лица кои ќе ги видам пред да отидам. А мене ми беше само тоа потребно. Попотребно од воздухот кој ми струеше бесцелно низ градиве. Чувствував како отров ми тече низ вените и како полека убива се човечно што остана во мене. Се плашев од она кое ќе станам ако не се вратам онаму, каде што се започна.
}}} * {{{
Колку чудно. Овие испиени лица се се што не сакам да ми остане во сеќавање а се единствените кои ме испраќаат. Бар да се преправаа, да велеа дека ме жалат – но не... Се навртија како мршојади чекајќи го заслужениот оброк. Само чекаа да ми се отпушти и да ми падне другата рака за и неа да ми ја изглодаат. Неќев сега, сакав прво да прекинам да слушам зошто и онака заборавив како е да чувствуваш a сепак... Одвратно беше шкрипењето на нивните заби кои ми ги соголуваа коските.
}}} * {{{
Ах... Повеќе не е ни важно. Рамнодушно ги гледав испиените образи, сувите безживотни усни залепени за моето тело. И чекав... Ти ме повика – можеби ќе знаеш и да покажеш милост – милост каква јас не покажав кога ме молеше низ солзи. И уште чекав, не испуштав вик и ги приковав очите кон старата столица на која никој повеќе не седеше.
}}} * {{{
Се сеќаваш нели? Заедно седевме склопчени под дебелото ќебе. Беше ладно, зима на каква што никој не се сеќава. Ги слушав рамномерните отчукувања на твоето срце. Знаев дека постоиш за мене. И јас постоев за тебе. Целата вселена ја имав преточено во сјајот на твоите очи и сакав... О, колку сакав да не се одделам никогаш од тебе. Се смеевме, ми прикажуваше за далечни замоци, принцези кои јадат листови од рози, птици кои ги оплакуваат загубените гнезда. Тој глас. Би ја заменила бесмртноста на песната само за уште еднаш да слушнам дека ме сакаш. Знаеш ли колку е тешко да ја гледам старата столица за нишање? Повеќе никој не седи на неа, повеќе нема смеа, веќе не ми ги топлиш нозете кога огнот не може да го направи тоа. Сега однекаде гледаш и си задоволен. А потајно можеби и ти страдаш. Не грижи се, ништо не ме боли повеќе од спомените. Ова што ми го прават – дури и ми е пријатно споредбено со досега проживеаното.
}}} * {{{
Беше прекрасно. А мораше ли да заврши? А ти дури и да не знаеш зошто испадна така? Се надевав дека ќе сфатиш, искрено се надевав дека ќе ми видиш во погледот дека ме боли повеќе од тебе. Дојдоа тие. Ми се заканија. Ако не им го дадев она кое го бараа ќе те пратеа далеку, ќе те пратеа на место каде секој кој ќе те видеше ќе земеше делче од тебе. Ќе те раскинеа како диви ѕверови кои фатиле беспомошна срна. Да го дозволам тоа? Никогаш!
}}} * {{{
Последното кое ти го видов во очите беше разочарувањето. Толку длабоко и силно што ме убиваше. И секој чекор подалеку од тебе го отвараше јазот што сега гледам дека се претворил во бездна. Јас се оддалечував и моето место го заземаа тие. Ти ја испија чистата душа и со кал и пепел ти го затрупаа срцето. Зошто ме мразиш? Само сакав да те заштитам.
}}} * {{{
Повеќе не гледам. Одамна не дишам. Само слушам. Кога прекинаа да ме јадат сфатив дека доаѓаш. После слушнав и како чекориш кон мене. Можев да го почувствувам твојот здив на местото каде порано ми беше устата. Таа уста велеше дека ја сакаш најмногу! Што има сега на нејзиното место? Крваво непце и отскриени заби? Неќам да ме гледаш. Се срамам од тоа што сум ваква. Зошто дозволи да страдам? Не ти значат ли ништо деновите кога ме сакаше, деновите кога сеуште веруваше дека јас те сакам тебе?
И одеднаш мрак.
}}} * {{{
Се разбудив во позната соба. Секој милиметар од телото ме болеше, не можев ништо да предвижам а сепак гледав, слушав, мирисав. Траги од тебе. Секаде низ собата. Саканиот мирис, многупати препрочитуваните книги. Немам сила. Пропаѓам...
}}} * {{{
Ми изгледа почисто од последниот пат кога ги отворив очите. Веќе нема никаква трага од нив. Имам сила да ја свртам главата – види – повторно месо ми ги покрива коските. Сакам да те видам. Дали се имаш променето? Ти се појавуваат ли сеуште дупчињата на образите кога се смееш?
}}} * {{{
Дојде. Конечно. После неколку дена чувствување, но без гледање - те видов. Не си се променил многу. Освен што сега си толку ладен. Како да не ме познаваш.
- Зошто ме остави да живеам? – прашав
- Не ја заслужуваш смртта.
Зошто ме мрази? Та јас само сакав да го заштитам.
}}} * {{{

1 Comments:

Blogger Amaya Minoru said...

Добро, овој го искоментирав. Убав текст. Повторно љубовен и тажен... :) Smells like... you. Али - во никој случај лош.

11:07 AM  

Post a Comment

<< Home