Thursday, September 28, 2006

...

Есен дожд кал
Златни и шушкави лисја по улиците
А очите
Тоа се најдлабоките очи кои сум ги видела
Вперени се во еден лист со кој се поигрува ветерот
Од едната страна е мртвиот лист а од другата – тоа бескрајно синило на очите
Што ги спојува
Ништо
Само тагата и немата болка
Зар не потсетуваат на скршена душа
напишано во еден сличен врнежлив ден како денешниот

0 Comments:

Post a Comment

<< Home