Saturday, September 30, 2006

Сон?!

Прво мислев дека е сон. После бев во недоумница, зошто нели сништата се илузија, а јас бев убедена дека е толку реално. Навистина многу реално. Сега сум сигурна дека се случи. Зашто сеуште можам да ги слушнам криците и да ја почувствувам болката. Чудно... Многумина би рекла дека ми изгледа како јаве зашто премногу сум размислувала за тоа, но сепак нема да ме разубедат. Можам да раскажам се до најмал детал. Совршено се сеќавам на првите лица кои ги видов и кои ми изгледаа толку обезличени, на страшните звуци, на воздухот кој беше топол и влажен како и мирисот на наводенета земја кој се уште неможам да го отстранам од мене. Беше мрачно и се гледав како низ затемната призма. Пробував да разберам кај сум но не дознав, се плашев да прашам некого а и немав желба да го разгледам местото. Всушност можеби имав желба, но телото ми го имаше опфатено некоја малаксаност и немав сила да се поместам... Најстрашно од се е што сеуште сум таму. Таму е тука. А не знам како да се вратам назад, на местото од каде што доаѓам...

1 Comments:

Blogger Rocka said...

Се сеќаваш ли воопшто од каде доаѓаш ?
Јас неможам да се сетам...

Се разбудив ли ?
Постоиш ли или си уште една игра која ми ја приредува сонот ?

5:57 AM  

Post a Comment

<< Home