Wednesday, January 03, 2007

Едно делче


Ладна соба и слаб мирис на влага лази по ѕидовите. Неколку зраци под чуден агол паѓаат на местото каде е зафрлена неговата рака и прашината која лебди во воздухот личи на ситни снегулки кои паѓаат на него. И мирно, безгрижно дишење. И со секое издишување се накрева зелениот јорган и затреперува крајчето од перницата, веднаш до неговата уста, веднаш до местото од каде излегуваат најубавите, најзвучните зборови. Склопените сакани очи сонуваат. Пссст, тишина! Немој да го разбудиш, прекрасен е дури спие, остави ме да го љубам со поглад.